Некои модели на iPhone ќе бидат повлечени од Германија

Производителот на чипови Qualcomm Inc во четвртокот ја доби втората победа на суд во својата битка ширум светот против американскиот технолошки гигант Apple Inc, а овој произведвуча на водечките паметни телефони во сдветот порача дека ќе повлече некои постари моделио на iPhone од продавниците во Германија.

Победата на Qualcomm пред судот во Германмија следеше неколку седмици откако компанијата обезбеди судска забрана а продажба на некои модели во Кина. Од Apple, кој се жали на двете пресуди, најавија дека продолжуваат со понудата на своите iPhone во Кина, но направија иземни во својот IOS оперативен систем по кинеската забрана.

Адвокатите на Apple попусто се бранеа пред окружниот суд во Минхен од обвиненијата дека го прекршиле патентот на Qualcomm во поглед на функционирањето на чипот во моделите  iPhone 7 и 8, како и на оние со ознаките 7 plus, 8 plus и X од истите серии. Забраната нема да важи за новите модели iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR.

„Со оваа пресуда, продажбата на моделите ја губи лиценцата и е забранета во Германија“, наведува судот во својата одлука. Судот прецизира во соопштение дека за спроведување на оваа се’ уште привремена одлука, Qualcomm мора да исплати гаранција од 668,4 милиони евра. Оваа многу висока сума ја правда со фактот дека Apple се’ уште може да го добие судскиот спор во Германија. Гаранцијата барана од Qualcomm ќе биде наменета за покривање на штетите. Apple, исто така, треба да плати компензација на тужителот, чијашто висина уште не е одредена.

Од Аpple во четвртокот ноќта потврдија дека ќе вложат жалба и го критикуваа обидот на Qualcomm да го пренасочи вниманието на јавноста од вистинските проблеми меѓу двете компании.

Победата во Германија може да погоди само неколку милиони iPhone-и од стотицитге милиони коишто Apple ги продава секоја години. Сепак, ова преставува мала но важна победа во сложената правна битка којашто ќе се забрза следните месеци кога антимонополското регулаторно тело и Apple ќе го изведат Qualcomm пред судот во САД. Apple тврди дека Qualcomm незаконски постапува за да ја сочува монополистичката позиција во областа на модем чиповите кои им помагаат на смартфоните да се спојат на безжичните мрежи со податоци. Qualcomm од своја страна, пак, го обвинува Apple дека ја користи нивната технолошка иновација без соодветен надомест.