Некои онколошки пациенти со Covid-19 може да бидат заразни со месеци

942

Пациентите заболени од Covid-19, коишто поради оноколошки заболувања истовремено се подвргнати на хемотерапии или зрачење, методи на лекување карциноми кои го слабеат новниот имунолошки систем, може да останат заразни и да го шират коронавирусот и повеќе од два месеца од почетокот на заразата, покажуваат резултатите од студијата објавена во научното списание New England Journal of Medicine.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) во моментов им препорачува на здравствените работници во текот на лекувањето на ваквите пациент кај кои е загрозен имунолошкиот систем, да применат дополнителни мерки на претпазливот, како што се носењето респораторни наместо хируршки маски за лице, и да ги изолираат пациентите до 20 дена по појавата на симптомите.

Во новата студија експертите анализирале примероци од слуз и брисеви на 20 имуносупримирани пациенти коишто боледувале од рак, а истовремено биле заразени со коронавирусот.

Утврдиле дека тројца пациенти опфатени со истражувањето биле заразни и подолго од три седмици по појавата на симптомите, а еден од нив бил заразен дури 61 ден.

Тројца пациенти во претходните шест месеци биле подвргнати или на трансплантација на матичните клетки или на терапија со генетски модифицирани имунолошки клетки наречени CAR T-клетки. Кај двајца се развила потешка форма на Covid-19 и се покажало дека ниеден од споменатите онколошки пациенти немал антитела на вирусот.

Сегашните препораки во јавното здравство за пациентите со Covid-19 и слаб имунолошки систем се втемелени на лимитираните податоци и веројатно ќе треба да бидат ревидирани, истакнуваат научниците објавени во писмото во ова списание.

„Од неколку претходни студии знаеме дека доколку спаѓате меѓу здравите лица, по првата седмица од болеста повеќе не сте заразни, но за имунокомпромитираните пациенти знаеме многу малку“, напиша др Мини Камбој, една од авторките на студијата од Центарот за рак во „Memorial Sloan Kettering“.

Додава дека не може со сигурност да се каже дали онколошкиот пациент кол боледува од Covid-19 е заразен и три седмици од почетокот на заразата и дали треба медицинскиот персонал и членовите не неговото семејство да спроведуваат превентивни мерки и подолго од тоа.

Иако веројатно само мал број пациенти кои истовремено боледуваат од некоја форма на карцином и од Covid-19 веројатно ќе останат заразни подолго време, „во секој случај постои ризик за кој мора сериозно да размислиме“. „Мораме постојано да имаме на ум дека имунокомпормитираните пациенти може да бидат заразни за луѓето околу нив и подолго од очекуванито период“, се додава во писмото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.