Некои слават, но проблемите ќе мора да се решаваат со мајката црква – СПЦ , вели Стоиљковиќ

Политичкиот претставник на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ вели дека одлуката на патријархот Вартоломеј предивикала двојни реакции, пишува „Новости“.

„Едни слават бидејќи во одлуката на цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Од друга страна, со внимателно читање на  одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е дефинитивно отфрлена. Многумина очекуваа томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава со ‘мајката црква’ – со Српската патријаршија“, вели Стоиљковиќ.