Неколку холандски градови започнаа битка за домаќин на Евровизија 2020

Неколку холандски градови веќе се вклучија во трката за домаќин на Изборот на песна на Евровизија во 2020 година, откако претставникот на Холандија, Данкан Лауренс победи на синоќешниот Евросонг во Тел Авив.

Како што јавија холандските медиуми, интерес за организација на Изборот следната година веќе најавиле Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт.

Инаку, успехот на 25-годишниот Лауренс со песната „ Arcade“, е прва победа на Холандија по 44 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.