Неколку повредени на прокурдски протест во Диселдорф

Неколку лица се повредени во неделата на аеродромот во Диселдорф во судир меѓу прокурдски демонстранти, Турци и полицајци, соопшти вечерта германската сојузна полиција.

Полицијата со помош на солзавец растурила протест на прокурдски приврзаници кои протестирале против операциите на турската армија во северозападна Сирија против тамошните курдски сили.

Собирно на околу 150 лица завршил со „неколку повредени“ изјавил портпаролот на полицијата, без да наведува повеќе поединости за инцидентот.

Неколку прокурдски протести се одржаа викендов ширум Германија. Протестот во Диселдорф не бил пријавен кај локалните власти, додава полицијата.

Во слични очигледно синхронизирани акции прокурдските протести предизвикаа затворање на станиците на подземните железници „Пикадили“ во Манчестер и „Кингс Крос“ во Лондон.

Во британската престолнина полицијата го блокирала влезот во станицата за да ги спречи демонстрантите да влезат. Во Манчестер, пак, напротив, повеќе десетици успеале да дојдат до перонот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.