Неколку причини зошто да консумирате Црна рибизла

Високиот внес на овошје и зеленчук нуди голем број здравствени придобивки во борбата против дегенеративните болести и може да промовираат долговечност. Овошките како што е црната рибизла (Ribes Nigrum), се особено богат извор на биолошки активни соединенија, на пример, високи нивоа на антоцијани, проантоцианидини, кверцетин, мирицитин, фенолни киселини и изоорхаметин. Тоа се соединенија кои го штитат организмот од рак, го регулираат крвниот притисок, го подобруваат имунитетот, го чуваат здравјето на очите, здравјето на бубрезите и уште многу други бенефити.

Покрај тоа, црната рибизла поседува висока содржина на витамин Ц, која заедно со биоактивните феноли и’ дава една висока антиоксидантна моќ на бобинката. Всушност црната рибизла има четирипати повеќе Ц витамин од портокалот, и двојно ја зголемува количината на антиоксиданси од боровинките. Придобивките од Ц витаминот се многу големи. Телото го користи Ц витаминот за да ги метаболизира  протеините и да формира колаген, кој е од суштинско значење за негата на кожата и има важна улога во борбата против стареењето.

Токму поради антиоксидантите и антоцијаните, црните рибизли можат да помогнат во зајакнување на имунолошкиот систем, да ги ублажат болките во грлото и да ги олеснат симптомите на грип.

Влијаат врз здравјето на стомакот, благодарение на антоцијанот и танинот кои делуваат како чистачи на микроорганизмите и го спречуваат развојот на бактериите во уринарниот тракт. Со тоа можноста од настанување на инфекции е  значително помала.

Покрај Ц витаминот, содржат и витамини од групата Б, Б5, Б6, Б1, Витамин Е, и Витамин А.

Црната рибизла ја зголемува моќта на меморијата. Големата количина на антиоксиданси која ја содржи се добри за да го заштитат нашиот мозок од оштетувања предизвикани од слободните радикали.

Сокот од црна рибизла е богат извор на железо, кој помага добро да се снабди мозокот со кислород, за да може подобро да функционира. Исто така високата концентрација на железо помага во борбата против анемијата.

Овие бобинки содржат и Гама линолеинската киселина (ГЛА) кои заедно со витаминот Ц можат да бидат ветувачки за лекување на суво око. Ја подобруваат функцијата на очите,вклучувајќи ја способноста на очите да се прилагодат во темнината, протокот на крв во очите, и ги намалува сиптомите на визуелен замор.

1 лажица бобинки од црна рибизла го намалува визуелниот замор, поготово кај оние луѓе кои  подолго време работат на компјутер.

1 чаша овошен сок дневно е доволно за да си го зачувате вашето здравје.

Автор: Сертифициран нутриционист Марија Лазиќ за НетПрес

e-mail: nutri-diet2018@outlook.com