Неколку скопски општини утре без струја

Без електрична енергија утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Рилски конгрес”, „Кратовска”, „Банско”, а од 8:00 до 15:00 часот дел од корисниците на улицата „1515″ во Пинтија, сите во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8:00 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „1550″, индустриска зона Визбегово, поточно фирмите „Астекс Графика”, „Виа Шпед” и „Инфосет” во општина Бутел.

Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од Ново Село, зад бензинската Петрол Оил, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од селото Кучково, општина Ѓорче Петров.

Корисниците од сите помали фирми и објекти во околината на „Сатра”, на улица „6″, Сава станица, Фарма Трејд, Ники Инвест, Ман Импортер, улиците „4″ и „2″ во општина Илинден ќе бидат без струја утре од 5:50 до 14:00 часот.

Без струја утре од 9:30 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Будимпештанска”, општина Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје, прекинот е поради планирани технички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија.