Неколку скопски села утре без струја

Прекините, како што информира РЦУК-Скопје, се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во реоните.

Дел од корисниците од скопските села Арачиново, Миладиновци, Дељадровци, Бучинци, Мршевци, Бујковци и Грушино утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат без струја.

Од 9 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Волково, дел од потрошувачите на улицата „Козле“ од бр. 30 до бр. 60, дел од потрошувачите на улицата „Џумајска“, како и корисниците од селата Смениште, Арнакија, Раовиќ, Буковиќ, Паничари, Ласкарци и Чајлане.

Корисниците од улицата „Кавалска“ во општина Кисела Вода без струја ќе бидат од 9 до 11:30 часот.