Неколкумина повредени во стампедо при оддавањето почит на Мугабе

Неколку лица вчера се повредени во стампедо откако се обиделе да го видат лицето на починатиот поранешен претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе во делумно отворениот ковчег.

Илјадници луѓе пристигнаа на стадионот Руфаро во Мбареу, сиромашен кварт во главниот град на Зимбабве, Харере да му оддадат почит на Мугабе, кој почина на 6 септември на 95-годишна возраст.

За време на оддавањето почит на починатиот лидер свиреа тапани и се пееја традиционални песни, а ковчегот потоа со хеликоптер, што слета на стадионот, беше пренесен во неговата куќа Син кров во Хараре.

Семејството на Мугабе и Владата на Зимбабве не се согласуваат за погребот на поранешниот претседател.

– Мугабе нема да има државен погреб в недела на националните Гробишта на хероите, туку приватна, семејна служба. Имаше разговори помеѓу претседателот Манангаве и госпоѓа Мугабе и ништо не е сменето. Не сакаме јавноста да биде присутна. Семејството не сака да знаете каде ќе се одржи погребот.

– В недела нема да има погреб и се уште не е одреден датумот, изјави портпаролот на семејството Лео Мугабе.

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва дека по разговорите со вдовицата на Мугабе, Грејс изјави дека Владата ќе ја почитува желбата на семејството

Во ноември 2017 години Мугабе беше соборен од власт од армијата и неговиот поранешен сојузник Мнангава. Мугабе од 1980 до 1987 беше премиер, а од 1987 до 2017 година беше претседател на Зимбабве.