Свет

Австралиски политичар ја шокираше јавноста, но само се шегувал Некрофилијата е безопасна и треба да се легализира

Некрофилијата е безопасна и треба да се легализира

Политичар од Австралија ја шокираше јавноста со изјавите дека се залага за легализација на некрофилијата.
Станува збор за Том Рау, кандидат на Партијата на зелените од Сиднеј за парламентот, кој рече дека написот што го напишал за некрофилија е всушност шега.

Според медиумите, контроверзниот напис е од 2013 година за целите на студентскиот весник “Drop Dead Horges”, каде што Рау опишал секс со мртовец.

Ако некој дозволи неговото тело да се користи за секс, а семејството нема никакви проблеми со тоа, каде е штетата? Е….. Иако тоа можеби не е вашата шолја чај, некрофилијата е безопасна и треба да биде дозволена, напишал политичарот, додавајќи дека некрофилија е еден од најголемите табуа во секое општество и дека би сакал да го промени тоа.

Тој во својата одбрана рече дека тоа било шега во вид на одговор на извесен Кори Бернарди, кој тврдел дека е еднаков бројот на луѓе кои се во брак со бројот на оние кои имаат секс со животни.

Верувам дека не им е смешно на сите. Немам никаков интерес за легализација на некрофилија, мојата кампања за парламентот ќе се базира на решавање на проблемите во медицината, образованието, како и ставање крај на војната меѓу нарко-дилери и воспоставување на даноци за богатство, рече Рау.

Сепак, политичките противници на партијата веруваат дека тој ги преминал сите граници на добар вкус со оваа изјава и дека „зелените“ мора да се откажат од него.

Изборите се закажани за март следната година.