Нексе со лекција и за Вардар, Металург поразен од Партизан

По триумфот над македонскиот вицешампион Металург, хрватскиот тим Нексе на домашен терен во Осијек го совлада и шампионот Вардар со 32:25.
Вардар на почетокот поведе со 2:0 со головите на Козлина и на Дибиров, но потоа следеа четири гола во серија за Нексе. Во 15.минута хрватскиот тим имаше предност од 9:6, а на одмор замина со 16:13.
Во 40.минута Нексе веќе водеше со 21:15, а во последните десет минути од мечот домашниот состав влезе со предност од седум голови 25:18. Од овој момент јасно беше дека “црвено – црните” без бодови ќе се вратат од гостувањето кај Нексе
Најефикасен во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров, кој постигна 13 гола, а Шиме Ивиќ со седум погодоци беше најистакнат поединец кај Нексе, како и голманот Перица Лелиќ кој имаше 17 одбрани.
Пораз претрпе и вториот македонски претставник Металург. Избраниците на тренерот Лино Червар, загубија на гости кај последнопласираниот тим во СЕХА лига Партизан со 23:22. Металург имаше предност од пет голови на полувремето (15:10), но не успеа да ги задржи во вториот дел во кој постигна само седум голови. Со овој пораз тимот од Автокоманда дополнително го искомплицира пласманот на фајнл фоот турнирот.
Најефикасен беше Миркуловски со 7 голови, додека Пецаковски постигна 4 гола.
Металург по овој пораз остана на петтата позиција на табелата со 25 бодови, додека Вардар е трет со 28 бодови.