„Нексе“ во Скопје пресилен за „Металург“

Ракометарите на хрватски „Нексе“ го совладаа во Скопје „Металург“ со 27:32 во третото коло од регионалната СЕХА лига. Ова е трет пораз за македонскиот вицепрвак, по загубените средби со „Вардар“ и „Мешков Брест“.
„Металург“ настапи ослабен без повредените Томислав Јагуриновски и Мартин Велковски, а во текот на мечот остана и без Марио Танкоски.

Хрватите одлично го почнаа мечот и поведоа со 1:4, но „Металург“ стигна до 8:8 во средината на полувремето.Тогаш „Нексе“ дојде до 9:13, па 12:16 на полувреме, а домаќините остана без Танкоски. Гостите продолжија во ист ритам и по седум минути игра во вториот дел имаа 17:22. Нашите ракометари дојдоа до 22:23, и на десетина минути до крајот до 25:26. Но „Нексе“ пак притисна и се одлепи на 26:29 и веќе не ја испушти предноста која до крајот ја зголеми.

Најдобри стрелци во составот на „Металург“ беа Јагањац и Серафимов со по седум голови, а Димитриоски и Токиќ дадоа по пет.