Нелегален превозник нападнал инспектор на граничниот премин Делчево

89

Инспектор нападнат од страна на див превозник на граничниот премин Делчево. Нападот е пријавен во делчевската полиција, од каде го потврдија случајот.

-На граничен премин Делчево од слобода е лишен Д.Г (58) од с.Ѕвегор, Делчевско. Лицето физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за сообраќај и транспорт при обид да изврши претрес на патничко возило ,,опел” со бугарски регистерски таблици, кое тој го управувал. Д.Г. бил приведен во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор, се вели во соопштението од полицијата.

Инцидентот го потврдија и од Здружението на превозници во патниот сообраќај, од каде го осудија нападот врз инспекторот.

-Апелираме до надлежните да ги преземат соодветните мерки, а дополнително бараме да се стави ред со дивите превозници во патничкиот сообраќај, велат од Здружението на превозници.

За сторителот е најавена пријава откако целосно ќе биде документиран случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.