Нелоска: Бранителите може да гледаат сигурен партнер во ВМРО–ДПМНЕ

Во 2001-та како тогаш млад лекар бев на работно место во амбулантата во Радуша, која беше непосредно до полициската станица, објави Ленче Нелоска, претседател на советот на општина Ѓорче Петров.

-Имав можност да запознаам и да работам со многу припадници на македонските безбедносни сили, тогашни бранители. И веднаш после 2001-та, останав во контакт со многумина од нив, следејќи ги во нивните животи и нивните проблеми.

Токму затоа, како Претседател на советот на општина Ѓорче Петров поднесов иницијатива со која бранителите ќе добијат одредени олеснувања.

Имено како мнозинство во Советот на општина Ѓорче Петров, донесовме одлука за:

Ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта.
Во знак на благодарност за животот вложен во одбрана на Република Македонија, општината донесе одлука со која дополнително финансиски ќе се олесни животот на Бранителите во услови на тешка економска и финансиска криза.

Сметам дека и во иднина треба да продолжиме да се грижиме за оние кои застанаа со својот живот во одбарана на нашата Татковина.

Бранителите може да гледаат сигурен партнер во ВМРО-ДПМНЕ, напиша Нелоска.