Нелоска: Од 256-те проекти во програмата на СДСМ за општината Ѓорче Петров, реализирани се само 18

Четирите години власт на СДСМ и нивниот градоначалник Александар Наумоски во Општина Ѓорче Петров се четири години неработење, мрзливост, лаги, манипулација, ароганција и криминал, поради што од 256-те ветени проекти реализирани се само 18 или 6,6 проценти, рече во понеделникот прес-конференција Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Општина Ѓорче Петров никогаш немала понеспособна и покриминална локална самоуправа. Од 256 проекти во програмата на СДСМ и Наумоски, реализирани се само 18 проекти или 6,6 проценти. Наумоски потроши четиригодишни буџети, над 15 милиони евра наши пари, а си го уреди само својот двор во паркот во Ѓорче Петров. Наумоски и СДСМ во Ѓорче Петров ветија, а излажаа изградба на Клинички центар во Ѓорче Петров, и поврзување на Илинденска со Ѓорче Петров. Наумоски ветуваше, а лажеше дека ќе реализира отворен и затворен базен, гасификација на општината, пазар во Даме Груев, нова амбуланта во Дексион, реновирање на спортскиот центар Партизан, спречување на урбан хаос, спортска сала во Хром, нов и голем трговски центар, музеј на современа уметност, нов театар, мултимедијален центар, нова градинка во Дексион, уредување на кејот на реката Лепенец, и реконструкција на старото училиште во Кучково“, рече Нелоска.

Оцени дека општината Ѓорче Петров во мандатот на Наумоски станала најзагадената општина во градот Скопје и на нејзина теритиорија во Ново Село се наоѓа најголемата депонија во глвниот град.

„Ѓорче Петров стана општина за потсмев. Па така, Наумоски забрани да се сушат алишта на тераси, тампонираше со надгробни плочи и се гоштеваше низ кафеаните во општината со танчерки по масите. Во општина Ѓорче Петров има партиски вработувања со однапред познати имиња на кандидатите кои ќе се изберат. Само во Ѓорче Петров улиците се асфалтираат по два пати во рок од неколку месеци за да може некој да профитира. Наумоски и СДСМ се толку неспособни што и новата зграда на општината се уште не е пуштена во употреба, иако е готова. Градоначалникот Наумоски сака да донесе 25 урбанистички планови за само 6 месеци колку што има останато од мандатот, само, и само да го зголеми урбаниот хаос и да профитира од истиот. Единствено што граѓаните на Ѓорче Петров добија од Наумоски е задолжување на општината за 80 милиони денари“, истакна Нелоска.

Граѓаните го прочитаа Наумоски и СДСМ и затоа во октомври ќе го испратат во историјата како најнеспособниот градоначалник во историјата на општината, додаде таа.