Нелоска: Во нашата програма имаме преку 200 проекти со кои што ќе се смени ликот на Ѓорче Петров

Ѓорче Петров е порта на Скопје, порта на македонската метропола, од вас ја бараме поддршката за оваа метропола ја направиме достоинствена и репрезентативна како за секоја друга европска метропола, а не сегашниот изглед, како да влегувате во некоја каса во средниот исток, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Ленче Нелоска, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров.

-Во нашата програма имаме преку 200 проекти и 17 приоритетни проекти со кои што ќе се смени ликот и изгледот на Ѓорче Петров, конечно ќе добие лик на урбана и модерна средина. Затоа ве замолувам и повикувам на 17 октомври да го дадете вашиот глас за нашиот кандидат за градоначалник доктор Александар Стојкоски и Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ под бројот 7 за да можеме заедно да направиме поубаво утре за нашето Ѓорче Петров, истакна Нелоска.