Нелоски: Црн ден за Македонија, освен блокада од Бугарија, влеговме во рецесија

Владимир Нелоски, претседател на Градски Комитет при ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на телевизија 24 посочи дека денес е црн ден за Македонија, освен што државата денес официјално ја доби блокадата од Бугарија, денес сме официјално во рецесија поради неспособната власт на Зоран Заев.

„Денес е многу лош ден за македонскиот народ бидејќи денес е денот кога официјално ја добивме блокадата од страна на Република Бугарија. Дополнително и македонската економија влезе официјално во рецесија. Така да на овој лош ден за сите Ммакедонски граѓани ние одиме пред Владата на Република Македонија за да најпрвин му кажеме на Зоран Заев и сите оние кои што се околу него во Владата дека ова кое што го прават во преговорачките позиции и преговорањето со Бугарија нема да им помине“, нагласи Нелоски.

Нелоски додаде дека дополнително на денешните протести ќе се порача дека е потребна оставка на Заев, а слобода на народот.

„Токму затоа денеска сме тука и пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што ќе се упатиме двете колони заедно пред Владата и ќе ги упатиме овие пораки. И она која што е важна порака исто така која што сакаме да ја упатиме е дека на СДСМ нема да им успеат сите оние замајувања кои што се обидуваат овој период да ги престават пред јавноста. И дека индетитетот не бил во прашање, напротив сметаме дека ако нешто ги обединило сите луѓе во државата, Македонци, Турци, Албанци, Роми и леви и десни, млади и стари тоа е дека се револтирани поради лошото преговарање и на еден начин еден предвнички однос од страна на Владата во преговарачките позиции“, истакна Нелоски.