Нелоски: Дали Аљими лаже дека СДСМ со црни возила им се заканува на судиите

124

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски говорејќи за беззаконието во државата во дебатната емисија ,,И што сега’’ на МРТ му порача на својот соговорник пратеникот на СДСМ, Костадин Ацевски, дека не само опозицијата туку и владејачката ДУИ нема доверба во судството, притоа напоменувајќи ја изјавата на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими кој го обвини СДСМ за закани упатени кон судиите.

Вие ми говорите зошто ја се сомневам во судството, а вчера на една од телевизиите во Република Македонија, вашиот коалиционен партнер од ДУИ координаторот на пратеничката група го изјавува следното. Да јас се појавувам на суд и ќе се појавувам редовно се додека не се расчисти овој случај, но вие алудирајќи на СДСМ одите со црни возила и им се заканувате на судиите за жал. Дали сакате да кажете дека и вашиот коалиционен партнер и воедно координатор на пратеничката група лаже? Бидејќи очигледно е дека недоверба во самото судство нема само ВМРО-ДПМНЕ има и коалициониот партнер кој што седи со вас. Со кој што заедно ја водите оваа држава. Значи сите лажат, лаже ВМРО-ДПМНЕ, лаже координаторот на пратеничката група на ДУИ само Зоран Заев не лаже. Па зарем вие ќе ми кажете дека претепувањето на политичките неистомисленици во затворите не е прогонување, истакна Нелоски.

Претходно Нелоски во своето гостување истакна дека политичкиот прогон во Македонија и служи на власта единствено за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми на граѓаните кои власта не ги решава. Според него токму ваков пример е неуспешното одземање на мандатот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски. Нелоски изрази вчудоневидување од тоа како СДСМ и по две години владеење се уште ја обвинува опозицијата за сите проблеми во државата.

Најпрво јас се чудам како може после две години владеење на СДСМ, уште да зборуваме дека ВМРО-ДПМНЕ е криво за сите процеси кои за жал ги заташкува и на еден начин каска СДСМ. Можеби и за ланскиот снег ВМРО-ДПМНЕ е криво. Јас ја гледав снимката на самата седница, на самата седница беше евидентна нервозата и брзањето на СДСМ иако Комисијата не донесе конкретен став по кој што треба на пленарна седница да се произнесат пратениците. Значи гласањето беше 4:4. Имаше брзање и нервоза со цел да се направи уште еден лош обид да се заташкаат реалните проблеми на граѓаните на Република Македонија, односно повеќе да се збори за политичките, пак ќе ги нарачам прогонувани лица од страна на власта отколку за проблемите кои ги тиштат граѓаните, вели тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.