Нелоски: Граѓаните на Македонија знаат дека тоа што ќе го вети ВМРО-ДПМНЕ, ќе го реализира

-Народот е разочаран од предизборните ветувања СДСМ. Ние сме сведоци не само сега, туку и во претходните мандати дека СДСМ ветувале многу, но слабо им одела реализацијата на тие ветени работи. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив нема да вети се и сешто, нема да му ветиме на секој граѓанин тоа што сака да слушне, напротив ќе ветиме работи што се реални и реално остварливи, ова го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во своето интервју за „Лидер“.

Нелоски во своето интервју потсети дека во предизборната кампања во 2016 година многу граѓани заборавија на еден од проектите кои Зоран Заев го вети. Имено тој рече дека тоа беше проект со кој Заев вети во Македонија од секој центар во државата во некој друг поголем центар во државата дека ќе се стигне за 90 минути. Нелоски во врска со оваа го посочи следново:

-Денеска сме сведоци дека од тоа нема ништо. Oд Преспа до Берово се стасува за 4 и пол часа . Поентата ми е дека ние нема да го ветиме тоа, но затоа ќе ветиме дека ќе изградиме автопат од Скопје до Битола, со што ќе опфатиме повеќе од 1 милион граѓани да им се подобри животот со изградбата на тој автопат. Дополнително, ќе го изградиме автопатот во Блаце кој СДСМ го вети, СДСМ изгради 2 километри автопат, сега уште 498 км автопат им треба. Ние нема да ветуваме брда и долини, но она што ќе го ветиме граѓаните знаат и се свесни дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го стави во својата изборна програма си стои до зборот и ќе го направи.

Нелоски додаде дека по победата од 12 април, ВМРО-ДПМНЕ по првите сто дена ќе го намали прогресивниот данок ќе го намали на 9% од сегашните 10%, а до крајот на мандатот ќе го намали за дополнително уште еден процент.