Нелоски: Каков извештај на Транспаренси Интернешнл може да очекуваме кога државата ја води аболиран политичар

Секогаш кога е СДСМ на власт државата бележи поразителни рангирања на листата на Транспаренси Интернешнл и дека тоа не е случајност токму поради фактот што  во државата секојдевно граѓанитте се сведоци на криминални тендери  и малверзации, рече меѓу другото во четвртокто вечерта Владимир Нелоски, претседателот на градскиот комитет Скопје на ВМРО–ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“

Од страна на власта, додаде Нелоски, не може ништо повеќе да се очекува кога државата ја води аболиран политичар.

„Не знам дали е случајност или пак пракса да Македонија на оваа ранг листа на Трансперенси Интернешнл секогаш кога СДСМ е на власт некако да оди нагоре на таа листа додека пак обратно додека ВМРО ДПМНЕ оди надолу. Инаку ние 2006 година кога сме дошле на власт исто ваква била состојбата сме биле околу 100 то место за да во 2014 година Македонија падне на 66 место , но на крајот од денот што да се очекува кога ние имаме држава која што ни ја води аболиран политичар, во држава која што секојдневно гледаме одредени малверзации и криминални тендери и т.н. држава која што на еден начин е прогласена исто така од Фредом Хаус за хибриден режим“,  појасни Нелоски.

Истакна дека не може ни да се очекува подобро рангирање кога државата ги има случаите „Леонардо“  скандалот со Ден Дончев  и ред други кои сеуште не се резрешени. Додаде дека информациите и фактите од ваков тип се поразителни за сите граѓани на Македонија.

„Не може да очекуваме да паѓаме на оваа листа надоле ако ние во Македонија го имаме „Леонардо“ , и Ден Дончев. Нема ништо за случајот „Леонардо“ нема ништо за случаот Ден Дончев. Да не го заборавиме „Рекет“ и таму  иако имаше судски процес сепак перцепцијата  на граѓаните е дека се заташка целата таа работа. Но овој резултат пак поразително  е како млад човек да гледам дека Косово која што е тазе држава е пред нас една Колумбија која што до пред неколку години беше де факто контролирана  од нарко картелите каде што имало моќници кои што буквално ги купувале властите директно да се пред нас на оваа листа. Но ќе повторам со политичари кој го гледаат само својот џеб не може ништо да се очекува“, потенцираше Нелоски.