Нелоски: Кога власта се однесува како во еднопартиски систем, тогаш опозицијата има демократски алатки да ги свести

Демократијата е довонасочна улица. Не може власта со тенко мнозинство да се однесува како да има 93 пратеници. Не може да го одбива било кој предлог за било кој закон од опозицијата. Кога власта не сака да разговара со опозицијата за прашања важни за граѓаните, тогаш опозицијата си има демократски алатки да им каже да се свестат. Опозицијата мора да биде вклучена во процесите, изјави Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет н ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на ТВ24.

Во однос на амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за служење во армијата, Нелоски вели дека тие се предложени во разговор со и цивилниот и воениот персонал на армијата.

– Еден од амандманите е дека според новиот закон нивелирањето на платите ќе важи од денот кога законот ќе биде донесен, додека ние бараме нивелирање на платите на сите вработени од осамостојувањето до денеска. Во однос на годините за пензионирање имаме амандмани, рече Нелоски.

Тој посочи дека големиот број на амандмани се како реакција на одбивањето на власта на дискусија со опозицијата, и одбивањето на предлозите на опозицијата за подобрување на законските решенија.

– Ние како опозиција бараме било какви опции во Собранието за да има дискусија. Одбивањето на дискусија и амандмани од страна на власта личи како на еднопартиски систем и едноумие. Таму каде што се граѓаните и нивниот интерес под прашање ние ги подржуваме тие решенија, но не може нашите предлози да бидат одбиени кои се за подобрување на законите, нагласи Нелоски.