Нелоски: Не смееме да дозволиме Македонија да стане Заевистан

Граѓаните мора да излезат на претседателски избори, не смееме да дозволиме Македонија да стане Заевистан, порача во вторникот вечерта членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во вечерашното гостување во дебатната емисија „И што сега“ на Македонската телевизија.

Имено тој посочи дека кандидатот за претседател на СДСМ ќе биде избран директно од Зоран Заев, недемократски со што Македонија целосно ќе биде узурпирана од Заев кој покрај Владата и судството, сега под целосна контрола ќе го има и претседателот.

Во однос на состојбата во државата, токму поради ова што го кажав. Јас не би го искористил зборот монархија, јас би го искористил зборот Заевистан. Се со цел Македонија да не стане Заевистан и да немаме комплетно узурпирање на Зоран Заев покрај Владата, судството и претседателот на државата кој што ќе биде под негова контрола, граѓаните е потребно да излезат на претседателските избори, да ја поддржат Гордана Силјановска, ако сакаат во оваа држава да почне конечно да се почитува Уставот и законите, а не како што го прави тоа секојдневно СДСМ. Значи не може да кажете вие дека ќе биде кандидат на сите граѓаните, односно претседател нивниот избор кога гледаме дека премиерот за едни е мајка за други е маќеа, за едни кои се согласуваат со него судството е независно и имаме за жал судски одлуки во нивна корист, како случајно се погодува сите кои што немаат исто мислење со Зоран Заев или да се осудени или да имаат многу процеси против нив, потенцираше Нелоски.