14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Нелоски: Од каде им се на СДСМ над милион евра за две недели рекламирање и обид за вршење поткуп и наклонетост на медиумите?

СДСМ свесни за својот неуспех тргна во скапо платена кампања за да ги изманипулира граѓаните. Замислете, во време кога државата тоне и е презадолжена, кога граѓаните се на работ на егзистенцијата, СДСМ во кампања во националните медиуми според пазарната вредност од единствениот сервис за мерење на медиумите за рекламирање плаќа повеќе од милион евра за период од две недели, односно од 10 до 23 декември, изјавои денеска Владимир Нелоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нелоски посочи дека главното прашање е: Од каде им се на СДСМ над 1 милион евра да платат за рекламирање и обид за вршење на поткуп и наклонетост на медиумите и дали можеби овие пари им се од Луј Витон торбите и од „Рекет“?

„Ако се земе предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги троши? Ако за оваа кампања потрошила 1 милион евра. СДСМ во просек секој ден од 10 декември до 23 декември трошеле по 100.000 евра. Само за споредба едно просечно македонско семејство за еден месец троши 200 пати помалку и месецот го поминува со 500 евра. Лицемерно е СДСМ да говорат за богати партии, кога самите докажуваат дека се најбогатата партија во регионот која што троши 100.000 евра дневно за рекламирање“, потенцираше Нелоски.

Според него, станува сѐ појасно  каде завршуваат тендерите кои секојдневно се објавуваат

„СДСМ врши класичен обид за поткуп на секој можен начин на медиумите и врши класична манипулација на граѓаните. Република Македонија тоне на секое поле и затоа СДСМ троши милионски суми за извртување на реалноста. Одговорност за се мора да има и ќе има после изборите. Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докаже од каде им се повеќе од милион евра за кампања потрошени за само све седмици“, заклучи Некоски