Нелоски: Пожарникарите покажаа дека доколку се борите чесно и со искрени намери секогаш ќе успеете да победите!

32

Честитки до пожарникарите за изборената победа, уште еден доказ дека доколку се борите за нешто со сиот свој капацитет, чесно и со искрени намери секогаш ќе успеете да победите!

Тие се изборија за она што по закон им следува што сепак не е доволно за таква благодарна професија, токму затоа следниот Градоначалник на Град Скопје од коалицијата за “Обнова на Македонија” ќе им ги зголеми платите за 50% на овие тивки херои кој секој ден се изложени на опасност!!!

Кога сме кај пожарникарите до каде се Петре ветените противпожарни станици во Драчево и Бутел?!?

До каде е ветеното подобрување на условите за работа?, пишува во својата Фејсбук објава членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.