Нелоски: Шилегов да ја тргне суетата на страна, да се донесе одлука за враќање на Вардар под Град Скопје, а досегашниот сопственик да ги подмири трошоците

Додека некои спортски директори на скопски клубови и поранешни водачи на навивачки групи од Скопје во овој момент ќе бидат дел од координативното тело на Владата за праќање на навивачи на европското првенство кое што следи, други спортски директори и други навивачки групи на спортски клубови од градот Скопје за жал немаат таква можност да се блиски со советниците, но и воедно функционерите од власта, во Владата, но и во Градот Скопје, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој момент Градот Скопје се уште останува нем на барањата на сите навивачи на фудбалскиот клуб „Вардар“ за преземање и спасување на клубот.

Зад мене се наоѓа известувањето кое што го доставил сегашниот сопственик до сите советници на Градот Скопје, но и градоначалникот Петре Шилегов, известување во кое бара клубот повторно да биде преземен од Градот Скопје или скопската администрација, но воедно и известување со кое што се обврзува дека сите досегашни долгови во кои што се наоѓа клубот и кои што ги има тој во рок од една година ќе ги преземе и ќе ги исплати.

А Градот Скопје ќе има чист клуб со којшто ќе може да раководи и за кој што ќе треба да обезбеди финансиски средства за функционирање.

Фудбалерите на ФК „Вардар“ за неполн месец треба да ги започнат подготовките, а се уште ништо во клубот не е решено.

Го повикувам, но и воедно како поранешен член на клубот го замолувам Петре Шилегов конечно да ги тргне суетата и егото на страна, и прашањето за ФК „Вардар“ да не биде предмет на политичка дебата за време на кампањата која што и претстои на локалните избори. Туку заедно и ВМРО и СДСМ и сите останати советници и политички партии го одлучат ова прашање пред локалните избори. Односно да го решат одма и веднаш. И „Вардар“ да ги започне подготовките со финансиски средства кои што ќе бидат обезбедени. За тоа потребно е Петре Шилегов да го повика Советот да донесат одлука за враќање на клубот повторно во Градот Скопје и нормално да се потпише договор со сегашниот сопственик тој да си го сервисира долгот кој што го направил.

Решение има, она кое што им е потребно на скопјани и на сите љубители на ФК „Вардар“ е желба од страна на институциите“, рече Нелоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.