Нелоски: Шилегов платил над 1,7 милиони евра за противпожарно возило со скала, а Загреб истото возило го набавил за двојно пониска цена

39

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е фатен со „рацете во медот“, откако со пари на граѓаните платил 1,7 милиони евра за противпожарно возило со скала на фирма од Будимпешта, а во оваа зделка е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје, рече во вторникот на прес-конференција го истакна Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој притоа го презентираше за новинарите примерокот од договорот.

„Ова е договорот помеѓу Град Скопје и фирмата „Хороскоп КФТ“ од Будимпешта, вреден 1.723.621 евра. Противпожарното возило со скала произведено од истиот производител како тоа купено од Град Скопје, истото возило Град Загреб го платил по повеќе од двојно пониска цена, односно 794.052 евра плус ДДВ. Ова се слики од возилото од Загреб. Како е возможно исто противпожарно возило со скала во Скопје да чини повеќе од двојно од тоа во Загреб? Дали скоро милион евра разлика завршила во нечиј џеб и во каква поврзаност има Петре Шилегов со тоа? Со 1.723.621 евра колку што чини набавката за противпожарното возило со скала купено од Шилегов во Загреб ќе купеле две такви возила. Фирмата која би го набавила сигурно би остварила профит, но немало да постои разликата во цени од скоро еден милион евра“, рече Нелоски.

Оцени дека попусти се обидите на Шилегов да се правда дека возилото кое тој го набавил има дополнителна опрема и затоа е поскапо, зашто идентично возилото кое властите на хрватската престолнина Загреб го набавил за двојно пониска цена.

„Ова е срамота, ова е аздисаност за жал на сметка на скопјани. Петре Шилегов мора веднаш да одговори зошто платил повеќе од двојно за набавка на противпожарно возило со скала, и практично од парите на скопјани се ставени скоро еден милион евра во нечиј џеб?! ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за набавката на противпожарното возило со скала, и да се истражи каде завршиле скоро еден милион евра разлика во цена. Скопје заслужува да биде европски град, Скопје ќе биде европски град, наскоро Петре Шилегов заминува, а потоа ќе има одговорност за сѐ“, потенцираше Нелоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.