Нелоски: Шилегов вели голема е кризата со корона вирусот, а негови сопартијци туркаат за избори во јуни

Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 рече дека е зачуден што градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека сме во голема криза со корона вирусот, а негови сопартијци бараат избори за помалку од еден месец.
-Шилегов вели сме во голема криза со епидемијата, а негови сопартијци туркаат за избори. Се говори за избори за неполн еден месец, нешто што е крајно нереално, рече Нелоски во дебатата на која учествуваше и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Според него политичарите треба да се водиме по максимата „да се однесуваме онака како што бараме граѓаните да се однесуваат“.
-Денес гледаме како вториот човек на владата не носи маска на јавен простор, рече Нелоски.
Нелоски укажа дека во целата ситуација, дополнително кривата на заболени е лажна.
-Имаше денови кога се намалуваше бројот на новозаразени, но во глобала просекот на заболени на дневна основа е ист. Искрено жалам што Град Скопје не ги следеше сите настани со корона кризата. Токму затоа како партија предлагавме мерки, а Шилегов главно немаше слух, посочи Нелоски.
Тој укажа дека во ситуација кога се подготвува отворање на ресторани, а кога се отворени молови престрого е да се направи ваков карантин како најавениот за претстојниот продолжен викенд.
-Мислам дека има капацитет да се организира се за тие денови и да нема голем број на заразени, рече Нелоски.