13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Нелоски со листа од 90 примери на непотизам на власта

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски објави листа од 90 примери за непотизам во гостувањето во дебатната емисија ,,И што сега’’. Нелоски запраша дали кога Зоран Заев ветуваше еднакви услови за граѓаните мислел само на роднините на високи партиски функционери на СДСМ? На листата која ја посочи тој се гледаат примери за директно вработување на најблиски членови од фамилиите на функционери од СДСМ во јавната администрација.

-Што се случува во Република Македонија е епидемија од непотизам. Кога најверојатно Зоран Заев и СДСМ говореа пред изборите дека ќе направат еднакви услови за сите дека ќе ги вратат младите од странство најверојатно сте мислеле за вашите роднини и младите од вашите фамилии. Зошто зборувам? Зборувате за непотизам. Нека видат граѓаните. СДСМ зборува за непотизам. 90 примери јасни кои што сите граѓани ги гледаат на директно вработување на најблиски членови од фамилиите на функционери од СДСМ во јавната администрација, вели Нелоски.