Нелоски со предлог: Шилегов и Самсоненко да седнат и да изнајдат решение за спас на Вардар

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно?” гостуваше претседателот на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски кој се осврна на лошите политики на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, како и на негрижата на Шилегов во однос на ФК Вардар.

Нелоски потенцираше дека Вардар е во лоша финансиска и играчка ситуација, но дека за тоа мора да се изнајде начин преку кој ќе се стабилизира финансиската состојба и ќе се вложи во играчите на Вардар. Тој додава дека Самсоненко треба да помогне во спасувањето на клубот преку отстапување на терените од Академијата на Вардар бесплатно, а со тоа да се акумулираат средства кои ќе се пренаменат за други тековни трошоци.

“Самсоненко и Шилегов треба да седнат и да се договорат на каков начин да помогнат на клубот и да ги прецизираат чекорите кои ќе се превземат. Наместо бегање од проблемот, Самсоненко и Шилегов треба да покажат емпатија кон македонскиот бренд и да се заложат за негово повторно издигнување”, заврши Нелоски.