Нелоски за Заев: Човекот не знае економија или шири дезинформации!

Слушајќи ја веселата математика на Заев имам една нејаснотија, дали човекот незнае економија или шири дезинформации⁉️

Кога збориме за поддршка на реалниот сектор, неколку податоци за нештата да бидат појасни.

За полесно да сфати Заев ќе земам пример со 1 вработен што зема НЕТО плата од 25 илјади денари.

За тој вработен да земе 25 илјади денари НЕТО плата фирмата треба да даде плус 12000 денари за придонеси т.е. 37000 денари БРУТО плата.

Мерката на Заев е да им “помогне” на приватниот сектор со исплата на една минимална плата од 14500 по вработен, што сопствениците на фирми ќе ги остави ако сакаат да дадат целосна плата на вработениот да ”доплатат ” уште 22500 денари или да го остават вработениот на минималец.

Предлогот на ВМРО ДПМНЕ за вистинска поддршка на реалниот сектор е субвенционирање на 50 проценти од БРУТО ПЛАТА (нето плата + придонеси). Кога ќе го примениме тоа во горенаведениот случај за вработен кој зема 25 илјади денари нето плата. Државата би покрила 50% од БРУТО платата (37000 денари) односно 18500 денари и фирмите ќе треба да додадат 6500 денари за вработените да останат со истите примања во оваа лоша економска состојба.

Господине Заев не е поентата како политичар да им поделите на сите граѓани ” минималец” треба да се погрижите и во кризните времиња тие да живеат достоинствено.

Но што да се очекува од човек во чии фирми минималецот е стандарт…, реагира Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.