Нема јасен „план Б“ ако Џонсон повеќе нема да може да ја води земјата

Британскиот устав не дава јасен одговор на прашањаето коешто се поставува во Обединетото Кралство, што ќе се случи доколку премиерот Борис Џонсон, кој во неделата вечерта беше итно хоспитализиран бидејќи ниту по десет дена кај него не се повлекуваа симптомите од коронавирусот, не може да продолжи да ја води владата.

Џонсон во неделата беше хоспитализиран, а од неговиот кабинет соопштија дека станува збор за „мерки на претпалзивост“, бидејќи и по десет дена откако кај него беше утврдена зараза со коронавирусот имал постојана кашлица и згоолемена телесна температура. Руската новинска агенција РИА, пак, ноќта кон понеделникот, повикувајќи се на извор близок на челниците на националниот здравствен систем (NHS) на Англија, објави дека британскиот премиер ќе мине низ третман на вештачка вентилација на белите дробови.

Од Даунинг Стрит, не ја коментираа или демантираа информацијата, но објавија дека Џонсон и натаму ја води владата. Телевизијата Sky News истакна дека Џонсон продолжува да го води својот министерски кабинет,а доколку тој биде оневозможен да ја извршува функцијата, должностите треба да бидат префрлени на министерот за надворешни работи Доминик Рааб.

Во Обединетото Кралство, покрај премиерот Борис Џонсон со коронавирусот беа заразени и престолонаследникот принцот од Велс – Чарлс, како и министерот за здравство, Мет Хенкок, кои веќе оздравеа. Една седмица во самоизолација поради сомневање на инфекција со вирусот во својот дом мина и министерот за одбрана Бен Валас, кој исто така објави дека закрепнал. Во самоизолација од претходно се наоѓаат и британскиот министер за Шкотска, Алистер Џек, главниот лекар за јавно здравство на Англија, Крис Вити, и главниот советник на премиерот Доминик Камингс.

Џонсон претходно објави дека може да продолжи да работи во самоизолација во резиденцијата во Даунинг Стрит, како и министерот Хенкок. Но заболени се двајцата клучни британски лидери во борбата против пандемијата, па се доведува во прашање функционирањето на владата без нив во време на глобалната криза.

Уставот, кој британските медиуми го опшиуваат како „трапава колекција од понекогаш дрени и спротитавени преседани“, не нуди јасен и формален „план Б“ или сценарио на сукцесија (наследување на должноста), неведуваат ескпертите.

„Никогаш досега не сме биле во ваква ситуација, порано не моравме за тоа да размислуваме“, вели за Reuters Кетрин Хадон, од Институтот за влада.

Додека во САД, на пример, претседателот може да го замени потпретседателот ако првиот е спречен да ја извршува должноста, во Велика Британија нема формален заменик на премиерот кој би ја преземал таа функција. Меѓутоам, Даунинг Стрит веќе најави дека Џонсон ќе го замени шефот на дипломатијата Рааб, доколку биде потребно.

„Премиерот има овластувања да делегира одговорнсот на кој и да е свој министер, но засега тој е премиер, а следниот на ред е министерот за надворешни работи“, соопшти портпаролот на владата во Лондон.

Во јуни 1953 година, тогашниот премиер Винстон Черчил претпрел мозочен удар. Тој настан се држел во тајност, па дури ниту сите минситри биле запознаето со тоа. Лекарите биле изненадени од неговото брзо закрепнување. Два месеца по мозочниот удар Черчил се вратил во Даунинг Стрит и продолжил да го вори кабинетот.

Тони Блер двапати беше подолжен на операција на срцето додека беше премиер во раните 2000-те години. И во двете прилики по само неколку дена се врати на работи. Доколку не можел да ја извршува должноста, ќе го заменувал неговиот заменик Џон Прескот се до изборите на новиот лидер, соопштија тогаш функционери.

Сега не се тврди дека Џонсон не е способен да ја извршува должнсота. Британскито премиер претходно најави дека ќе ја води владата преку телеконференции, веднаш откако му беше дијагностициран коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.