Нема бесплатен јавен превоз за средношколците

Новонастанатата ситуација со КОВИД-19 доведе да поголемиот дел од образовниот процес да се реализира онлајн, односно учење на далечина. Но, има одредени основни и средни училишта каде наставата се одвива со физичко присуство. Кај учениците од средните училишта се појави проблем со јавниот превоз. Имено тие се жалат дека картичките кои ги имаат за бесплатен јавен превоз не се во функција и според тоа немаат бесплатен јавен превоз.

-Учам во средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје. За да стасам на училиште морам да користам јавен превоз. Секојдневно во автобусите на ЈСП има контроли, а јас како ученик на кој му следува бесплатен јавен превоз периодов бидејќи не ни се активни тие картички морам да си плаќаам превоз од сопствен џеб, изјави ученичка од ова средно училиште.

Според податоците на МОН за организирање на настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава добиваат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).

Имено оваа мерка за бесплатен јавен превоз за студентите и средношколците беше воведена во 2016 година од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ