Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје”

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” нема да ги поскапи билетите за градски превоз, независно од порастот на цената на нафтените деривати.

Пласираните информации во одредени медиуми дека поскапуваат билетите ги оценуваме како неосновани и паушални. Ниту сме побарале, ниту планираме да побараме корекција, односно зголемување на цената за користење на јавниот превоз, изјави за МИА директорот на ЈСП „Скопје”, Кристијан Чушков.