„Нема да се помириме со казна помала од 40 години затвор“

100

Таткото на ѕверски убиената Тијана, Игор Јуриќ изјави дека нема да се помири со казна помала од 40 години затвор.

– Нема да се помириме со казна помала од 40 години затвор. Верувам дека убиецот, кој нашата Тијана не го предизвикала со никаква постапка, ќе добие максимална казна и дека за него нема да постои помилување. Секоја друга казна ќе биде пораз за нас, но и за државата, изјавил Игор Јуриќ.

Таткото Игор за време на сведечоњето за убиството на неговата ќерка сакал да се сретне со убиецот.

– Се надевав дека во судницата ќе го видам тој Драган Ѓуриќ. Сакав да го погледнам во очи и да го прашам зошто ми го уби детето, но тој не се појави, изјавил несреќниот татко.

Родителите на Тијана, Игор и Мирјана вчера беа сослушани во Вишиот суд во Суботица, каде освен монструмот Драган не присуствувал дури ни неговиот адвокат.

Јуриќ додал дека е загрижен за тоа кој го плаќа адвокатот на монструмот Драган Ѓуриќ.

 -Неговите роднини велеа дека тој нема пари, а сега ангажира еден од најскапите адвокати во Србија, посочил Игор, додавајќи дека тој што го спонзорира Драган,  според него, е соучесник во убиството иако не бил на местото на злосторот.

Сослушувањето за несреќниот татко било многу тешко и исцрпувачко, тој нагласил дека никој не може да замисли како се чувствувал во тој момент.

– Тоа што дознав како се случило убиството на мојата Тијана уште повеќе ме погоди и дури сега планирам да започнам вистинска борба, заклучил Игор Јуриќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.