Нема датум во октомври, Брисел ни подготвува само мониторинг

Македонија во октомври нема да ја добие позитивна одлука за датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Според веродостојни избори од Брисел, на кои се повикуваат од опозициската ВМРО ДПМНЕ, најдоброто сценарио кое што се подготвува е формирање на тело кои во следната година ќе мониторира дали земјава е подготвена за старт на преговорите.

„Условно кажано најдоброто на што може Македонија да го очекува со оваа Влада е да се формира тим од претставници на пет европски институции, три од Брисел, две од Стразбур коишто ќе вршат мониторинг на владеењето на правото и борбата со корупција во период најмалку една до најмногу две години. Потоа да се даде оценка дали Македонија е спремна за почеток на преговори. Тоа не е почеток на преговори. Тоа е практично формирање на ад хок тело бидејќи е проценето дека оваа Владата ниту има волја ниту има капацитет да се избори со корупцијата“, вели потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски во интервју за Канал 5.

Европските лидери, според последните информации, се длабока разочарани од тоа како премиерот Зоран Заев и неговата Влада се справуваат со криминалот и корупцијата, а особено од тоа што постојат индиции и за директна вмешаност во незаконски активности на високи владини функционери.