Нема датум за почеток на преговорите со ЕУ, поради раширената корупција и бавните реформи

951

Во „нон-пејперот“ изготвен од неколку влијателни земји членки на Европската унија е нотиран една од главните причини поради кои се бара на Македонија да не и се даде датум за преговори, а тоа е распространетата корупција.

Имено во овој документ се вели дека корупцијата е сеприсутна и постојат сериозни политички пречки во нејзиното справување.

Борбата против корупцијата и организираниот криминал не даде доволно резултати: и покрај воспоставената законска и институционална рамка, корупцијата и натаму е распространета во многу области и земјите ќе бидат сериозен проблем, додека капацитетот на институциите за ефикасно справување со корупцијата покажа структурни и оперативни недостатоци меѓу кои се политичките пречки.

Според неофицијалните информации, нон пејперот е дело на Франција и Холандија, а поддршка за него стигнала од уште две членки- основачи на Унијата, Белгија и Луксембург, како и од Данска.

Во нон пејперот има критики дека итните реформски приоритети зададени од Прибе не се доволно брзи за да бидат наградени со почеток на преговори, иако е спомнато дека има реални промени во општата атмосфера во државата.

„Имплементацијата на новите судски реформи само што започна и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (заробена држава)“ се наведува во документот.

Француско-холандската коалиција очекувала и поефикасен напредок во борба против корупцијата.

„Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно справување со корупцијата покажува структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“.

Нон-пејперот бил презентиран на самитот во Софија пред десетина дена. Поради тоа, според изворите на Телма, во Бугарија следувале и интензивни дипломатски напори за докажување дека има напредок во посочените области, а истото му го кажал и премиерот Заев на францускиот претседател Емануел Макрон на нивната средба на самитот. Владата  со одговор дека најголем дел од членките на ЕУ го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, после решавањето на спорот со името, иако и во Брисел постои дебата за проширувањето. Од владата велат дека по решавањето на спорот, државата веднаш ќе стане членка на НАТО и портите на Унијата ќе се отворат уште поодлучно. Во одговорот од владата секаде е наведено Македонија, без република.

„Македонија е на вистинскиот пат, а темелните реформи се признаени и препознаени од цела Европа и од сите земји членки на ЕУ. Сите земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија треба да продолжи по овој пат и да го интензивира прогресот. За тоа говори и последната оценка на Европската Комисија со која Македонија е оценета за најдобра во регионот на Западниот Балкан и Турција за спроведување на препораките во економската програма за реформи“, велат од Владата.

Опозицијата пак, смета дека СДСМ не ги спроведува бараните реформи во интерес на граѓаните. Александар Николовски рече дека со нон-пејперот се потврдиле неговите изјави дека функционери од Македонија работат на стагнација, за да Албанија ја стигне државата. Побара одговорност и за други работи, неспомнати во нон-пејперот.

Во нон-пејперот стои, одлуката за почеток на преговори да се остави за после европските избори 2019-та бидејќи во моментот ЕУ се наоѓа во чувствителна фаза на реформи за зачувување и одржување на проектот на кој земјите-кандидати имаат намера да се приклучат еден ден.

Патем јавноста сѐ уште не виде епилог за случајот кој што премиерот Зоран Заев сам го обелодени пред 7 месеци во кој за корупција беа посочени двајца членови на неговата Влада.

Ниту обвинителството, ниту Владата, ниту Заев не откри за каков коруптивен скандал се работи, ниту кои се функционерите за кои граѓаните се жалеле.

Дополнително во последниот извештај на Транпаренси интернешнл Република Македонија беше рангирана за 17 места полошо на индексот на корупција во споредба со претходната година, што речиси во целост кореспондира со владеењето на Зоран Заев и СДСМ.

„Сметаме дека условите за отворање на пристапните преговори со Албанија и ПЈРМ не се исполнети. Ја потврдуваме нашата посветеност кон европската перспектива на овие две земји и на целиот Западен Балкан. Тука треба да ги насочиме нашите напори со цел да им помогнеме на овие земји вистински да бидат подготвени кога сите услови ќе бидат исполнети“, стои во документот.

За опструкциите на некои ЕУ земји неодамна јавно проговори и премиерот Зоран Заев на телевизискиот дуел, кога отворено кажа дека поддршка немаме од Франција и Холандија.

Владата со став дека мнозинството земји на ЕУ го подржува почетокот на преговорите, а пресудно ќе биде решавањето на името.

„Документот не е на ЕУ, туку е на две нејзини членки, Франција и Холандија и е поврзан со различните погледи на земјите членки околу проширувањето на Европската унија. Изготвен е пред Самитот на ЕУ – Западен Балкан. Во меѓувреме по самитот околностите се сменети“, велат од Владата.

За документот од нодамна навестуваа и ставовите на Франција кои во земјава ги пренесе францускиот амбасадор Тимонием, кој иако ја даде поддршката на Македонија во нејзините евроинтеграции, сепак, потенцираше дека на Унијата пред да да прими нови членки, потребни и се внатрешни реформи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.