Нема деколтеа, бацување, ниту танцување – Строги правила за инаугурацијата на Вучиќ

236

Се’ е целосно подготвено за инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ. Свеченоста ќе се одржи вечерва во Палатата „Србија“ и ќе присуствуваат околу 5.000 лица, од културниот, забавниот и политичкиот живот во Србија, регионот, но и од светот.

Според поставените правила, на новиот српски претседател ќе може да му честитаат само државници, а секој што нема да ги почитува правилата за облекување, нема да може да влезе, пишува весникот „Блиц“, пренесува НетПрес.

Кој честита и како да се честита?

Повикувајќи се на дипломатски извори, „блиц“ пишува дека нема да може сите 5.000 поканети гости да му честитаат на новиот српски претседател на денешната инаугурација. таа чест ќе ја имаат само државниците, додека „останатите треба да им биде честени со самото тоа што се поканети“. Според правилата, со претседателот Вучиќ, при честитањето ќе може само да се ракуваат, нема задржување со разговор подолг од десет секунди. Бакнежите и прегрнувањата не се дел од дипломатскиот протокол, па тоа нема да смеат да го прават оние кои ќе му честитаат.

Движење на приемот

Бидејќи 5.000 присутни нема да може да бидат собрани во една просторија, планирано е тие да „циркулираат“ низ неколку салони и холови во палата „Србија“. Секоја просторија ќе биде декорирана поинаку, инспирирано од одредени делови на Србија, а согласно тоа, ќе биде и послужувана традиоционална храна специфична за тоа поднебје.

Во холовите и салите на палата „Србија“ ќе бидат поставени уемтнички поставки од неколку музеи. Една од нив ќе биде и изложбата на 17 римски императори родени на тлото на Србија, кој го обиколи светот, и на крајот се смести во палата „Србија“, по повод свечениот прием на српскиот претседател Александар Вучиќ. Во салонот „Србија“, пак, ќе биде изложена наметката на кнезот Лазар.

Облека

Сторгиот дрес-код, предвидува жените да можат да облечат коктел елегантни фустани, со пристојна должина (под колена) и кои не би требало претерано да го истакнуваат деколтето. Мажите ќе можат да носат само црни, или друга темна боја на костуми. Било каква светла боја на костум не е пожелан на инаугурацијата. Сите кои нема да ги почитуваат правилата на облекување нема да може да влезат на свеченоста.

Танцување

Предвидено е на инаугурацијата да настапи трубачки инструментален состав, но нема да се смета за примерно ако некој од поканетите гости почне да танцува или пак да претера со алкохол. Ако не го почитува правилото ќе биде замолен да си замине.

Гости

Меѓу присутните гости ќе има делегација од САД, од Велика Британија, а од Балканот ќе бидат речиси сите претседатели. Присуство потврдиле претседателот на СЛовенија, Борут Пахор, на Хрватска – Колинда Грабар Китаровиќ, потоа сите тројца членови на претседателството на БиХ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на БиХ Жељка Цвијановиќ и претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Се очекува доаѓање на престедателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Македонија – Ѓорѓе Иванов, а можеби и на премиерот Зоран Заев, пишува српскиот весник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.