Нема дилеми: Куман со приватен лет слета во Барселона (ВИДЕО)

Неполни 24 часа по соопштението на Барселона дека го отпушта Кике Сетиен, ова попладне пристигна и една доста неочекувана информација, бидеќи 20 часа откако му беше изгласана доверба, сепак Ерик Абидал го напушти директорското место во клубот.

Како технички секретар, Абидал на крајот понесе дел од одговорноста за лошите потези на трансфер пазарот и стигна информација дека двете страни сепак одлучиле да се разделат за доброто на клубот, кој дефинитивно мора да фати друг правец по историската бламажа во Лигата на шампионите.

Заминувањата на Сетиен и Абидал се првите чекори кои ги презема клубот, а во најава се уште многу сериозни потези, од кои третиот е пред сама реализација.

Роналд Куман се очекува во наредните неколку часа да биде претставен како наследник на Сетиен, а доказ за тоа е и видеото на кое се гледа како легендата на Барслеона пристигна на „Ел Прат“ аеродромот во споменатиот град со приватен лет.

Холандскиот селектор веќе оствари први контакти со раководството, а се очекува до крајот на вечерта да ги одработат финалните детали, по што ќе биде назначен за нов предводник на проектот за наредната натпреварувачка сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.