Рускиот и украинскиот претседател сепак не договорија примирје во Иточниот дел на Украина.
Меѓутоа Путин и Порошенко меѓусебно се сложија за чекорите кои ќе овозможат настапување на мир.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков истакна дека „Путин и Порошенко навистина разговарале за чекорите што ќе придонесат за постигнување на мир меѓу проруските и украинските сили, но оти Русија не може да учествува во договарањето на прекин на огнот бидејќи не е една од страните во судирот“.
– Претставниците на двете земји разменија мислења за што прво треба да се преземе за да се запре крвопролевањето во југоисточна Украина, наведе Песков.
Тој додаде дека ставовите на Путин и на Порошенко за можните начини за завршување на кризата се речиси исти.