Нема договор за уставните измени, собраниската седница одложена за петок

И откао беше одложена за 15 часот во четвртокот, собраниската седница сепак не го доживеа почетокот, а се дознава дека собранискиот спикер Талат Џафери ја одложил 75-та седница за во петокот во 12 часот, но неизвесно е дали и дотогаш ќе биде обезбездено неопходното мнозинство, имајќи ги предивд изјавите кои доаѓаат од пратеничките групи на чијашто поддршка сметаат во владејачката СДСМ

Според последните информации, премиерот Зоран Заев нема обезбедено двотретинско мнозинство за да го промени Уставот и уставното име на Република Македонија. Преговорите со Движењето БЕСА започнати изминатиот викенд и натаму траат, но од таму велат дека најверојатно нема да биде постигнат договор.

Во текот на денот пЗаев се обиде да ги убеди пратениците на БЕСА да гласаат за уставни измени, а независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да попуштат пред барањата на Касами, но не успеа.

Пртеходно во четвртокот Заев потврди дека не е постигнат договор за неопходното двотретинско мнозинство и ја префрли одговорноста кај пратениците, но и во партијата.

„Одговорноста на крајот е на пратениците и верувам дека ќе најдат сили да се соберат две третини односно 80 пратеници за да се изгласаат амандаманите бидејќи потоа следува и гласањето во грчкиот парламент“, рече Заев и изрази уверување дека „ако бидеме креативни ќе изнајдеме решение“.

Рече дека долку не биде обезбедно мнозинството, подготвен е да го преземе својот дел од одговорноста.

„Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнзоинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме се на оваа карта. Во политиката, како што се земаат ловорики, така се понесува и одговорност. Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе не има 80 или ќе следува одговорност“, рече Заеви но ретерираше велејќи дека, сепка, очекува дека да биде обезбедено потребното мнозинство.

Соработниците на Касами потврдуваат дека нема договор, но оставаат простор да се случи пресврт во нареднот период.

„Разговорите се интензивни, но засега нема заедничко решение. Многу е тешко да се најде прифатлива солуција за двете страни. Нашиот став е принципиелен: нема да гласаме за уставните измени доколку премиерот не ги прифатиме нашите барања“, велат извори од Беса за Независен весник.

И независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ порача во четвртокот оти не е подготвена да ги даде своите осум гласа доколку дојде до промени во делот за државјанството, објави Пресинг.

„Не отстапуваме од формулацијата околу државјанството-македонско/граѓани на Република Северна Македонија. Тука нема компромис и не прифаќаме никакви ромени“, рече за Пресинг Тв, пратеничката Емилија Александрова.