Нема докази дека напаѓачот во Хаг имал терористички мотив

Холандската полиција објави во неделата дека нема докази дека осомничениот за ранување три лица со нож во Хаг имал терористички мотив.

Тројца тинејџери се повредени во инцидентот од петокот вечерта во трговска улица во центарот на Хаг. Полицијата соопшти дека осомниечниот 35-годишни е уапсен во саботата во засолниште за бездомници и дека е испрашан.

„Прелиминарно можеме да кажеме дека не постојат индиции кои би упатувале на терористички мотив. Мотивот сѐ уште е предмет на истрага“, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во продавница на „Hudson’s Bay“ во Гроте Маркт, главниот трговски кварт.

Нападот се случи само неколку часа по терористичкиот чин во Лондон каде што 28-годишниот Усман Кан, Британец од пакистанско потекло, со нож нападна луѓе на Лондонскиот мост и две лица ги избоде до смрт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.