11.8 C
Skopje
понеделник, септември 26, 2022

Нема голема штета државата ако годинава децата не полагаат матура

Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, со конкретен предлог до министерот за образование. Таа бара годинава, во интерес на учениците и идните студенти, да се прескокне матурата.

-Децата треба да се ослободат од матура. Со уредба матурата треба да се укине годинава, и тоа не е измислено туку го има во многу поорганизирани држави. Матурата може да укине, факултетите повторно со некава уредба ќе треба да си ги примаат децата да се запишат на факултети за тие што сакаат да го продолжат школувањето со оценките од сведителството. А за матурата како идеја, можеме да размислуваме за нејзино укинување и во идниниа кога се ќе се среди, но сега моментот не е тука. Организирани земји како Англија, Холандија се откажуваат од матура, доколку некој инсистира заради оценката заради упис во странство тоа ќе оди многу тешко годинава, но се надеваме дека ќе биде остварлив. Нема да има голема штета државата ако оваа година децата не полагаат матура, ќе имаат голема штета ако тие не го продолжат своето школување понатаму, истакна Јаневска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.