Нема индиции дека зад убиството на германскиот политичар стои екстремната десница

Германскиот министер за надворешни работи Хорст Зехофер изјаво во вторникот во Берлин дека засега нема индициите Штефан Е., осомничениот за убиството на демохристијанскиот политичар Валтер Либке на почетокот од април, дејстувал во рамктие на некоја крајно десна терористичка организација.

„Иследниците не најдоа траги кои би упатувале на тоа дека сторителот дејствувал како дел од терористичка мрежа“, рекол министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер од баварската Христијанско-социјална унија (CSU) сестринска партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел на којашто ѝ припаѓаше и убиениот Валтер Либке.

Зехофер ги потврдил медиумските написис според коишто кај во саботата уапсенипот 45-годишен Штефан Е. од Касел станува збор за познат радикален десничка на што „упатуваат поединости од неговата биографија“.

Министерот предупредил на опасноста од десно екстремниот тероризам во Германија. „Десно-екстремистички напад врз еден од водечките претставници на државата е повик на тревога и тоа е напад врз сите нас“, рекол Зехофер.

Како што во саботата објавија повеќе локални весници, Штефан Е. и претходно бил замешан во напади со десно-екстремна заднина. Така, во 1993 година бил уапсен по неуспешното подметнување бомба пред едно сместување за имигранти, и е осуден на шест години затвор. Според директорот на Сојузното биро за борба против криминалот (BKA), Холгер Мунш, осомничениот последните години не предизвикуал внимание на службите со свои активности на десно-екстремната сцена.

По сознанијата за десничарско-есктремистичката иднина на осомничениот, истрагата во понеделникот ја презема државното обвинителство во Карслруе, коешто се занимава со случаи на напади врз државниот поредок.

Како можен мотив за убиството на Либе, кој извршуваше високи управни функции во сојузната покраина Есен, се наведува тоа што ја бранел либералната бегалска политика на канцеларката Ангела Меркел. Поради заземањето за имигрантите и навредите кон противниците на доселувањето, Либке често примал смртни закани. А откако сите кои не го споделуваат неговото рамислувње и на еден митинг како добредојде за имигрантите и бегалците порача дека „љубовта кон блискиот и христијанските вредности“ се фундаментални за животот во Германија, а на оние коишто не го споделуваат ваквото размислување им порача да ја напуштат земјата, доби и полициска заштита.

Градоначланичката на Келн, Хенриет Рекер, која и самата во 2015 година во екот на масовната имиграција во Германија и тензиите поради имигрантските напаствудања на речиси илјада жени на новогодишната прослава беше напад со нож од припадник на екстремната десница, порача на Twitter дека нападите како овој покажуваат дека „непријателите на нашето отворено општество не познаваат граници“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.