Нема кризна состојба, но државата функционира под кризни услови

Заклучокот од попладневниот состанок на Советот за безбедност кој што го свика претседателот на државата, Стево Пендаровски е дека нема потреба од прогласување на вонредна или пак кризна состојба на целата територија на Македонија.

Според информациите кои што биле презентирани на состанокот во Вила Водно состојбата со ширењето на коронавирусот во земјава е под контрола и засега сите институции се справуваат добро. Кризна состојба останува прогласена само на териториите на општините Дебар и Центар Жупа.

Според него и според Советот,  не треба да се избрзува со прогласување на кризна состојба на цела територија од две причини.

-Прво, основната е дека нема потреба. Сите надлежни институции деноноќно ја мониторираат состојбата на терен и реагираат фронтно. Значи, прво нема потреба. Второ, јасно е секаде во светот, за жал, кризата ќе трае. Кризата не е тука за да замине за недела или две. Ние мораме ресурсите кои ги имаме и кои не се толку издашни да ги димензионираме спрема реалните потреби и спрема реалните ризици, појасни претседателот Пендаровски.

И покрај тоа што де факто не е прогласена вонредна или кризна состојба, сепак превентивните мерки кои ги наложува Владата со цел спречување на ширење на коронавирусот наложуваат големи рестрикции. Државата и граѓаните функционираат под кризни услови. Затворени се градинките, училиштата, кафулињата, а со последната одлука на Владата се затвораат и граничните премини како и аеродром во Скопје.

Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен владината седницата.

Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, Граничниот премин, освен за државни, воено, карго и  медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.

Филипче рече дека се потенцирало и повторило МВР да постапува поинтензивно во однос на проверките и решенијата за одлуките за самоизлација и за тоа да го информира Главниот шатб во Владата и самата Влада

На граѓаните во измината недела им се препорачува да останат дома и своето движење да го ограничат само за неопходни потреби.