Нема купувач за вилата на Мајкл Џордан

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, подолго врем не може да најде купувач за својата вила на брегот на езерото Мичиген во Чикаго. Вилата има девет спални соби , 15 купатила , теретана, затворен комплекс на кошаркарски терени, неколку базени и мал остров, а почетната цена пред две години беше 29 милиони долари. Сега почетната цена е 20 милиони долари, но и намалувањето на цената не помогна да се најде купувач.

„Интересот беше поголем од тоа што го очекувавме, но многу од нив побараа повеќе време со цел поубаво да ја видат вилата”, изјави Лора Бредли, од куќата за недвижности задолжена за продажба на вилата на Џордан.

Почетната цена на последната аукција беше 13 милиони долари, но никој не понуди толку. Џордан со совето семејство во оваа вила живееше 20 – години.

„Имам многу среќни моменти поминсти во оваа куќа. Тука пораснаа моите деца и тука живеев во најубавиот период од мојот живот. Но, моите деца сега се големи и повеќе не ми е потребна толкава куќа”, изјави Џордан.