Нема лидерска средба

Нема лидерска средба денеска. Ова е официјална информација, потврдена за Нетпрес од партиски извори, наспроти шпекулациите кои вчера изобилуваа во проопозициските медиуми дека наводно на денешната средба премиерот Никола Груевски и Зоран Заев требало да објават дали постигнале договор или не околу преодна влада.

Сеуште нема конкретен датум за следна средба на четирите лидери на најголемите партии во земјава, а кога тоа ќе се случи, секако,  јавноста официјално ќе биде известена.

Зошто опозициските медиуми упорно шпекулираат за „тајни“ средби меѓу лидерире на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, само тие го знаат одговорот.

Сепак, како што извести „Нетпрес“, со потврда од свои извори, синоќа немало никаква средба меѓу Никола Груевски и Зоран Заев.

zaev-grujo1

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.