Нема Македонец кој не се срами од додворувањето на Заев кон бугарската влада

Заев е срам за државата, после вакви антидржавни ставови оставката е неминовен чекор. Нема Македонец кој не се срами од додворувањето на Заев кон бугарската влада на штета на македонските интереси, реагира ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на премиерот за БГНЕС.

– Зоран Заев го продава македонскиот идентитет, јазик и историја. Зоран Заев се откажа од Гоце Делчев црвената линија на македонскиот идентитет. Од среде Скопје Заев кажа дека Бугарите биле ослободители во втората светска војна, и со тоа ги израмни македонските партизани со бандити.

Зоран Заев се откажа и ја погази жртвата на Орце Николов, Раде Јовчевски Корчагин, Стив Наумов, Вера Јоциќ, Борка Талески, Методија Андонов Ченто, и плејада други знајни и незнајни јунаци кои животот го положија за слободна Македонија.

Македонското малцинство во Бугарија е предадено и продадено од Заев.

Заев ги урнисува темелите на македонската држава и нејзината најголема победа АСНОМ.

Зоран Заев не треба да чека народот да го смени, бидејќи тоа ќе се случи, туку сам уште веднаш да си даде оставка – порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.