Нема ни истрага, а Русковска поверувала дека Мијалков фатил температура

Нешто чудно се случува во случајот на Сашо Мијалков. Шефицата на Обвинителството за организран криминал Вилма Русковска верува дека тоја имал температура. А уште почудно е што отиде решението за притвор да го дема од Обвинителство, а не од суд.

А утрово на Слободна ТВ збореше: „Во фаза на предистрага сме. Таа постапка се води под насоки на ОЈО. Треба да се соберат докази, па тогаш обивнителот треба да одлучи дали има основно сомнение дека има сторено кривично дело и против кого ќе отвори истрага“.

Последното што ми е познато од разговорите со полицијата е дека се врши распит на луѓето околу Мијалков, неговото обезбедување, членовите на семејството, дека се одземени телефони, перонални компјутери и дека ќе бидат дадени на вештачење, рече таа.

Во продолжение целиот текст на Русковска за Слободна ТВ:

На граница не може да помине, бидејќи му е одземена патната исправа. Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато. Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално. Според инфомациите што ги имам од полиција, псоледен пат визуелно е виден после 15 часот како со сопругата влегува во Мериот. Видено е како возилото на жена му го напушта хотелот, потоа возилото на обезбедувањето, па неговото, но бидејќи стаклата биле затемнети не можело да се види дали е тој всушност внатре во возилото, изјави во Утрински бирифнг Вилма Рускоска, шефица на Обвинителтвото за гонење на организиран криминал и корупција.

Не се сложувам дека обвинителството ја тргнува вината од себе. Кај Обвинителството апсолутно нема вина, затоа што ние немавме никакви сознанија ниту од полиција, ниту од службите одговорни за безбедност и контразузнавање дека се спрема бегство на Мијалков. Првата информација ја доби обвинителството и веднаш ја сподели. Колегите кои што постапуваат по предметот Таргет – Тврдина, ги прашав дали по овој предмет, кој е почнат јуни 2017, бил побаран притвор за Мијалков и дали бил во притворр, тие ми одогворија да, беше во притвор недела дена. Од кои причини тогаш бил и зошто толку малку време бил во притвор јас стварно не знам. јас можам да кажам дза предметите кои ги водам јас или обвинителите во Обвинителтвото за гонење на организиран криминал и корупција, вели Рускоска.

Мене колегите кои постапуваат во предметот, пред да започнат завршните зборови, ме прашаа дали да побараат притвор. Јас се консултирав и со Јавниот обвинител на РСМ Јовевски, после толку години од поднесените обвиненија против Мијалков, тој ги почитувал мерките определни од судот. На секое рочиште се појавувал и ние во тој момент немавме информации од службите никаква информација за негово евентуално бегство, ние немамвме законска поснова да побараме притвор, затроа што од дедна стран ги почитува сите мерки, а од друга страна кога пред завршни зборови би побарале притвор тоа значи дека ја прејудицираме пресудата. Замислете побараме ние притвор, а судот донее ослободителна пресуда. Притвор се бара во текот на истрагата или со поднесување на обвинение. Вака на завршни зборови без да имаме било какви сознанија никогаш не е побаран притвор, смета Рускоска.

Да добиеше сознанија Обвинителството дека тој се спрема за бегство пред започнување на завршните зборови, бидете сигурни дека ќе побаравме притвор. Има разлика помеѓу барање притвор во фаза на истрага или со поднесување на овинителен акт. Кажете ми еден пример кај што за некого е побаран пример пред завршни зборови, ако немаш никакви сознанија за негово евентуално бегство. Со случајот Груевски е сосема различно. Тој побегна по објавување на пресудата. Тука може да се разговара за вина на обвинителството, затоа што со објавување на пресудата не побарале притвор. Во тој случај сметам дека има вина кај Обвинителството и затоа велам дека се многу различни случаите, вели Русковска.

Се уште е рано да се збори за истрага. Во фаза на предистрага сме. Таа постапка се води под насоки на ОЈО. Треба да се соберат докази, па тогаш обивнителот треба да одлучи дали има основно сомнение дека има сторено кривично дело и против кого ќе отвори истрага.

Искрено се надевам дека нема да има политичко вмешување. Апсолутно не оправдувам мешање на политика во работа на обвинитлеството или на судфот. Еднаш засекогаш треб да ставиме точка на политичко влијание во правосудниот систем. Затоа ниту очекував да ми се јави премиерот Заев или министерот Спасовски. Јас искрено се надевам дека до крајот на мојот мандат ќе успееме да ја тргнеме политиката надвор од обвинителството. Немам докази за вмешаност на политичари од актулената влада на Северна Македонија, а ккако обвинител не смеа да си дозоволам да изнесувам шшпекулации или индиции, вели Рускоска.

На сето ова новинарот Горан Теменугов објави коментар на Фејсбук:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.