Нема нови санкции против Русија, НАТО од далеку ќе ја чува Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја отфрли идејата сега да се воведат економски санкции кон Русија, велејќи дека тие ќе ја намалат способноста на Западот да спречи можна руска агресија врз Украина.

Руската акумулација на војници во близина на границата со Украина предизвика загриженост кај западните земји дека Русија би можела да ја нападне Украина. Доколку Русија навистина изврши напад, западните земји и се закануваат со санкции кои би можеле да имаат далекусежни економски последици.

– Кога станува збор за санкции, нивната цел е да ја спречат руската агресија. Да се ​​активираат сега, ќе го загубиме тој ефект – рече Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен.

Американскиот сојузник Романија, истакна дека нема да се вклучи активно во можната војна во Украина, потенцирајќи дека острана ќе стојат и останатите членки на НАТО. Министерот за одбрана Василе Динчу рече дека државата нема да влезе во никаква војна во моментов, но нагласи дека мора да биде подготвена за последиците од потенцијален конфликт на границата со Украина.

„Романија нема да се вклучи во никаква војна во овој момент, но мора да биде подготвена за последиците од потенцијалниот конфликт на украинската граница“, изјави Динчу за телевизијата Диги 24.

Тој рече дека романските власти не очекуваат да избие во овој момент војна во Украина.

„Не можеме со сигурност да кажеме дали ќе има војна во Украина, бидејќи тоа би било многу скапо за Русија. Но генералниот секретар Столтенберг рече дека воена интервенција на НАТО не доаѓа предвид, бидејќи Украина не е членка на Алијансата, па затоа воен одговор не е опција. Од оваа гледна точка, Романија и НАТО нема да се вклучат во активни воени непријателства. Секако, можеме да бидеме сведоци на економска војна и други видови борби, економски санкции доколку дојде до конфликт, но во овој момент не очекува, така да се каже, жешка војна“, изјави романскиот министер за одбрана.

Претходно од Москва, официјален Кремљ порача дека е подготвен да влезе во одбрана на цивилете од Донбас, побунетата територија на Украина која во моментов ја контролираат проруските сепаратисти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.