Нема одговорност, затоа граѓаните повеќе не веруваат во политичарите

Во интервју за „Курир“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за враќањето на полицискиот вели дека пиши-бриши политиката, со овој капацитет на луѓе кои што се во техничката влада ќе потрае уште некое време бидејќи во спротивно дополнително ќе се изложат на ризик животите на граѓаните

„Да беше реалноста како она ја имаме во Словенија, она што е во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, еве сите овие земји во опкружувањето имаат таква реалност и многу нормално ние зборуваме за 1, 2 или 5 лица на дневна основа инфицирани и ниту еден починат, со таква реалност да се слагам веднаш да почнеме кампања за изборите и да одиме на избори и да ги поразиме бидејќи за мене е поштетна и најштетна пандемијата наречена ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, бидејќи тие практично ја целерираат пандемијата Ковид-19, да три месеци потоа тие ја ексцелерираат таа пандемија и практично нејзината сила сега во полн интензитет ние ја чувствуваме кога броиме, денеска еве ќе се повторам уште еднаш – повеќе од 115 заболени и никој нема одговорност и повторно ќе кажам  во оваа држава одговорност е заборавен збор.

Никој не вели, чекај зошто ја донесовме одлуката да се воведе повторно бесплатниот превоз во јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје. Дали поради таа одлука ние придонесовме голем број лица во поминатите години да бидат инфицирани и не дај Боже некој да загуби живот од тоа, сме го анализирале ли тоа што тие луѓе  нам ќе ни бидат експеримент, па не можеме така да се однесуваме.

Тоа се човечки животи, не мора стратешки да преминеме на овие работи, за да една недела потоа речат згрешивме, ја враќаме назад старата мерка. Колкумина во меѓувреме заболеа, колкумина изгубија живот и кој ќе има одговорност, Караџовски, ресорниот министер, Спасовски, некој мора да одговара за оваа работа.

Еве, го обвинуваа господинот Чулев,  мене ме обвинуваат. Ние не сме одговорни за оваа одлука, ние не сме во тимот на Комисијата за заразни болести, ние не ги носиме одлуките на Владата, нема мнозинство. Кој ќе ги носи овие одлуки, одговорност за одлуките кои што како што вели ресорниот министер дека да знаевме дека вака ќе биде, немало да ги донесат.

Има ли институт одговорност, еднаш засекогаш, бидејќи нема затоа граѓаните повеќе не веруваат во политичарите, затоа што гледаат дека политичарите имаат поинакви интереси од оние кои што се интересите на граѓаните и се’ додека имаме такви политичари кои што се неодговорни или кои имаат поинакви интереси, различни од оние интересите на граѓаните, затоа поддршката кон институциите ќе биде ваква каква што е.

Мене ништо како политичар, како опозиционер не ми значи ако Филипче ја изгуби супстанцата или СДСМ ја изгуби онаа мала супстанца која што се’ уште ја има. Ако последиците бидат фатални и ако ние имаме енормно зголемување на инфицирани и починати лица, треба да живееме со тоа. Ако вие сте оптеретени  дека живеете со тоа, вие не ќе можете ниту да носете стратегии, ниту пак да имате поинаква визија за развој на државата.